Атанасовски: САД и Иран не би оделе кон војна зошто тоа би било тотален хаос

од Aleksandar Todeski

Аналитичарот Благојче Атанасовски смета дека ако се случи копнена инвазија на САД во Иран, не би се знаело колку жртви би имало.

„Сметам дека и Иранците и Американците не би оделе со некои избрзани реакции и чекори како воен сојуз, зошто би било тотален хаос. Тоа е многу кревок регион. Уривањето на дронот на САД, убивањето на Сулејмани, па сега нападот, тоа се воени реакции за да се задоволи нивната јавност. Иранското општество беше прилично гневно во однос на тоа зошто нивниот најмоќен човек е убиен на таков начин. Мислам дека американското општество не е расположено САД да почне војна на Блискиот исток“, рече Атанасовски во емисијата „Анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп од стапувањето на функцијата имал омразувачки став кон Иран.

„Од стапувањето на функцијата претседател, Доналд Трамп има исклучително негативен, остар и омразувачки став кон Иран. Тој уште на почетокот на мандатот се закануваше со војна со Северна Кореја, а потоа се случи и средби и посети со севернокорејскиот лидер. Се гледа дека Трамп има нетрпение кон Иран зошто го напушти тој договор“, додаде Атанасовски.

Комуниколог Никола Тасев пак, нагласува дека САД никогаш не кажа дека убиството на Генералот Сулејмани е поради претходните убиства, туку најмногу поради идните планови на Сулејмани

„Од друга страна, видовме моќна земја ако Иран и моќен народ, кој не си ги жалеше животите за да го допре неговиот ковчег. Двете држави покажаа страв да направат поголем удар за да не го рпедизвикаат противникот, зошто знаеја дека ќе беше војна со милионски жртви. Во овој судар ќе беа вклучени целиот регион и целиот свет, а времето колку што ќе траеше војната не може да предвиди никој“, рече Тасев.

Слични содржини