Автобуска несреќа во Бугарија: Две деца се во тешка состојба

од Stefanija Kuzmanovska

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, се уште се во тешка состојба, но нивните животи не се загрозени, изјави директорот на таа здравствена установа, Валентин Димитров.

Децата се уште се во тешка состојба, моментално се на одделението за интензивна нега и екипите на „Пирогов“ ги спроведуваат сите протоколи неопходни за одржување на нивната состојба, изјави за новинарите извршниот директор на болницата, пренесува БТА.

Двете деца кои во саботата вечерта беа тешко повредени во Бугарија во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија се пренесени вчера од болницата во Стара Загора во болницата во Софија.

Слични содржини