Баер стана шампион на Германија за прв пат во својата историја

од Vladimir Zorba

Баер Леверкузен предводен од Чаби Алонсо го обезбеди трофејот во германското фудбалско првенство – прв во клупската историја.

Избраниците на 42-годишниот тренер си го загарантираа конечното 1 место на табелата на пет недели пред крајот на сезоната во Бундеслигата, совладувајќи го денес Вердер Бремен (5:0) во 29. коло.

Конкурентите на Баер ги загубија и теоретските шанси да го стигнат лидерот. Тимот на Алонсо има 16 бодови пред двата најблиски противници на табелата.

Клубот од Леверкузен стана национален шампион за прв пат во својата историја. Претходно, Баер пет пати го зазеде второто место на крајот на сезоната во Бундеслигата, тоа се случи во 1997, 1999, 2000, 2002 и 2011 година.

Слични содржини