Бакингемската палата потврди дека Хари ќе присуствува на крунисувањето, но што е со Меган?

од Stefanija Kuzmanovska

Конечно е објавена информацијата која многумина ја очекуваа, а се однесува на тоа дали принцот Хари и Меган Маркл ќе присуствуваат на крунисувањето на кралот Чарлс на 6 мај. Потврдено е дека принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети по неколку недели интензивни шпекулации. Сепак, Меган Маркл нема да му се придружи.

„Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисување во Вестминстерската опатија на 6 мај“, изјави портпаролот на палатата за американскиот Page Six.

„Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“, додаваат оттаму.

Ова ќе биде прва средба на Хари со членовите на кралското семејство по објавувањето на неговите мемоари „Spare“ во јануари.

Како што откри Page Six, одлуката била донесена откако Хари испратил листа со прашања до Бакингемската палата, вклучувајќи каде ќе седи и какво ќе биде обезбедувањето.

Слични содржини