Балканци печеле јагнешко на сред Берлин, шокираните Германци повикувале полиција и пожарна

од desk2

Полициските диспечери во Берлин веројатно се изнаслушале се и сешто, но тоа што се случило во неделата на 6. мај веројатно е премиера.

“Дојдете, ве молам, во паркот Фридрихсхајн. Таму неколку луѓе изнесуваат овци од автомобили – цели и без кожа”, рекол гласот од другата страна на жицата.

Народниот парк во Фридрихсхајн не е многу далеку – само три километри воздушна линија од Бранденбуршката капија. Таму, на сред бел ден, луѓето си запалиле скара, а во паркот обично луѓето шетаат, трчаат, играат фудбал и секако, не вртат јагнешко месо на ражен на сред тревник.

“Децата трчкаа околу врелиот ќумур на сувата треба. А таму..овци. Дванаесет паричиња. Сите се вртеа на ќумурот под Сонцето. Се вртат на батерија. На акумулатори, се подразбира”, пишува берлинската полиција на својата Фејсбук страна.

Германскиот јазик во овие ситуации е недозволиво сиромашен – во него не постои посебен израз за јагне. Поради тоа, сега на нас ни останува да ја претпоставиме возраста на животните на раженот, но според фотографиите може да се заклучи дека сепак станува збор за јагниња.

Околу 150 луѓе од групата прво се правеле “глуви” на предупредувањата, но кога дошле пожарникарите јагнињата морало да се спасат.

“Го правиме тоа веќе 10 години”, рекол еден, пренесува полицијата. Наводно рекле дека така слават Велигден, но веројатно не рекле така, или пак полицијата лошо пренела – во неделата се славел Ѓурѓовден.

Според наводите на полицијата, како што пренесува весникот “Bild”, повеќето учесници на прославата биле од Босна и Херцеговина. Други медиуми пишуваат дека легитимираните имале хрватски или германски документи. Јагнињата, велат, ги купиле кај месар во берлинската населба Вединг, пишува “Deutsche welle”.

Меѓу илјадниците коментари на социјалните мрежи, има такви кои се прашуваат “какви се тие луѓе” и дали во Германија “уште важат закони”. Еден член на Алтернатива за Германија прашува што ако акумулаторите истекле на тревата и и порачал на полицијата дека не треба толку опуштено да гледа на оваа работа.

Еден корисник на Фејсбук со балканско презиме се прашува зошто толкава паника, наведува дека никој не бил повреден и дека е подобро да се зборува за поважни теми, како на пример педофилијата во Германија. Еден му одговорил: “Типичен мигрант во Германија. Се спротивставува на обврските, но си ги бара своите права. Ми се гадите”.

Но, по доаѓањето на полицијата се било во најдобар ред, сите соработувале, го отстраниле жарот и ги однеле јагнињата. На некои од нив ќе им стигне казна, а ако немаат среќа таа може да изнесува до 5.000 евра.

Полицијата ја искористила виралноста на оваа објава за да потсети како и каде треба да се прави скара. “Не е важно што се слави, туку како”, соопштила полицијата.

Слични содржини