Барселона oсвен што беше елиминирана, сега е и казнета

од Симе Стоиков

Фудбалскиот клуб Барселона е казнет поради расистичко однесување и други постапки на своите навивачи на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, пренесува „Би-Би-Си“.

Покрај расизам, УЕФА ја обвини Барса и за палење пиротехника и нанесување штета на „Паркот на принцовите“. Шпанскиот клуб ќе мора да плати казна од 32.000 евра.

Барса победи во Париз со 3:2, но во вторникот на домашен терен загуби со 4:1 и испадна од Лигата на шампионите.

Покрај паричната казна, на Барселона и беше забрането да продава билети на своите симпатизери за нивниот следен натпревар во натпреварувањето под УЕФА како казна за расистичко однесување, иако забраната е условна во период од една година.

Барселона исто така мора да стапи во контакт со Пари Сен Жермен во рок од 30 дена за да ја подмири штетата предизвикана од навивачите на стадионот.

Слични содржини