БЕГ ја загуби лиценцата за парно греење

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност и вршење на производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство, соопшти претседателот на РКЕ, Марко Беслимоски.

Тој посочи дека за оваа одлуката ќе биде запозната и Владата која со соработката со Министерството за економија е должна да организира тендер. Беслимоски напомена дека очекува во наредниот период сите овие рокови за организирање на јавниот повик да бидат кратки се со цел да завршат навремено и да се избере нов вршител на енергетската дејност производство на топлинска енергија.

Воедно тој појасни дека скопјани нема да останат без парно, потсетувајќи дека Град Скопје се изјаснил дека не е способен да организира производство на топлинска енергија за главниот град.

Останува искуството дека државата треба да се вмеша во регулирање и производство на оваа дејност.

-Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, кажа тој.

Слични содржини