Белград по стапките на Скопје: Засадени палми на Калемегдан (ФОТО)

од Nikola Popovski

„Ова е првпат во Белград да се засадат палми на јавна зелена површина“, се наведува во соопштението на ЈКП „Зеленило-Белград“.

                        Фото: Данас.рс

Засадени се шест стебла од видот „Trachycarpus fortunei, а садниците се донесени од Шпанија. Експертите на ЈКП „Зеленило-Белград“ избрале примероци високи околу 3,5 метри, со еднаква висина.

Палмите се засадени во два реда по три стебла.

                                                      Фото: Данас.рс

„Во последниве години, ние сме сведоци на климатските промени, кои полека се менуваат од континенталниот дел и стануваат се повеќе слични на суб-медитеранскиот. Зимите во Белград станаа благи и без екстремно ниски температури.

                                                Фото: Данас.рс

Затоа е отворена можноста „Зеленило-Белград“ за првпат да засади палми на јавната зелена површина, кои досега не биле карактеристични за нивната клима. Сепак, позеленувањето со егзотика не е нешто што не постои во Белград.

„Во приватните градини, со години успешно се одгледуваат примероци на палми, банани, маслинки итн. Видот на палма што беше засаден денес на Калемегдан, без оштетување, издржува ниски температури до -15 степени Целзиусови“, се наведува во образложението на ЈКП „Зеленило Београд“.

По социјалните мрежи кај нас веќе кружат шеги дека Белград со ова оди по стапките на Скопје, откако пред неколку години беа засадени голем број палми на неколку локации низ градот.

 

Слични содржини