Белорусите го молат Елон Маск да ги спаси од Лукашенко (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Фотографиите и снимките од протестите што ја запалија Белорусија се споделуваат на социјалните мрежи.

Иако повеќето од снимените сцени се шокантни и брутални, меѓу нив има и такви кои го одржуваат духот со трагикомички транспаренти.

Оној што привлече најголемо внимание беше „Елон Маск, однеси го Лукашенко на Марс“.

Белорусија ја тресат улични протести веќе девет дена, што започнаа откако демонстрантите го обвинија Лукашенко за кражба на минатонеделните избори.

Тој ги отфрла обвинувањата.

Слични содржини