Безредија во Париз по фудбалското финале

од desk4

  Непосредно по француската победа во финалето на Светското фудбалско првенство во Москва, во Париз избија безредија.

Трговски центар на булеварот Елисејските полиња беше демолиран од десетици лица маскирани со качулки, кои краделе вино и други производи.

Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера упорноте разбојници.

Најмалку 4.000 полицајци биле распоредени во Париз како засилување на редовните полициски сили, а над 500 демонстранти биле уапсени.

Во западните и централните делови на Париз до утрово до 4 чесот во сила беше забрана за движење со автомобили.

Француската полиција  соопшти и дека низ цела Франција во текот на ноќта меѓу петокот и саботата биле опожарени близу 900 автомобили. Во саботата Франција го одбележуваше националниот празник – Денот на падот на Бастиља

Слични содржини