Бил Клинтон позитивен на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во средата објави дека е позитивен на тестот за ковид-19 и дека има „благи симптоми“.

„Имам благи симптоми, но генерално сум добро и сум дома“, напиша на Твитер 76-годишниот демократ, кој служеше во Белата куќа од 1993 до 2001 година.

„Среќен сум што бев вакциниран и што примив дополнителна вакцина“, додаде тој и ги повика „сите да го направат истото, особено кога се наближува зимата“.

Слични содржини