Бил Клинтон в среда во Косово

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, чија администрација ја водеше агресијата на НАТО врз СРЈ, ќе пристигне в среда во Приштина, по повод 20-годишнината од влегувањето на НАТО на територијата на Косово.

Тоа беше објавено денеска од страна на организацискиот одбор за одбележување на овој датум.

Клинтон се очекува да се обрати во косовскиот парламент.

Тоа ќе биде четврти престој на Бил Клинтон во Приштина.

Во знак на благодарност институции во Приштина, на почетокот од ноември 2009 година, открија споменик на овој поранешен американски претседател.

Слични содржини