Бислимовски: Греењето на мазут би било сериозен проблем – тие пари што можеби ќе се заштедат, ќе се потрошат на Онкологија

од Nikola Popovski

Доколку ги немавме субвенциите, зголемувањето на цената ќе изнесуваше 37%. Оваа пресметка на РКЕ е направена во услови кога цената на природниот гас на светските берзи дивее. За жал на тоа не можеме да влијаеме. Сакам да апелирам во институциите на државно и локално ниво, да покажат пример во штедење и да ги имплементират препораките на Европската комисија, побара претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Според него, еден степен помала температура, значи 5% заштеда на гориво.

-За една просечна сметка на парно греење од 1800 денари, тоа значи зголемен трошок од 250 денари. Ако сметката е 2000 денари, ќе значи 2800 денари, појасни Бислимовски, како одговор на новинарско прашање.

Првиот регулатор истакна дека единствениот спас за да ја истераме грејната сезона на најдобар начин е ТЕ-ТО да работи.

-Сите други опции се од аспект на цена. Доколку ТЕ-ТО не работи, ќе имаме зголемување над 100% или ако немаме гас, да користиме мазут. Мазутот од ценовен аспект тука некаде ќе биде со оваа одлука, но од еколошки аспект, во град кој што еколошки е освестен, ќе претставува сериозен проблем. Тие пари што можеби ќе се заштедат со мазутот, ќе се потрошат во Онкологија, за жал, предупреди Бислимовски.

Слични содржини