Битиќи: Го правиме најдоброто за нашите деца

од Nikola Popovski

Како одговорна партија на сите средби со граѓаните ги почитуваме протоколите за заштита од коронавирусот. Масовната имунизација е најсигурниот начин за да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот, да го зачуваме јавното здравје но и да помогнеме на здравствениот систем и на здравствените работници, кои година и пол се на првата борбена линија штитејќи го нашето здравје, изјави потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој присуствуваше на маалска средба заедно со жителите на општина Чаир.

Тој потенцира дека Владата предводена од СДСМ обезбеди 690.000,00 евра за општина Чаир од грантот од Светската банка за поврзување на локалната патна мрежа со кој се реконструираа или пак во тек се реконструкции на повеќе улици.

-Го правиме најдоброто за нашите деца. Ќе ги надоврзам и инвестициите во комуналната инфраструктура преку реконструкција на постојни водоводи и канализации во повеќе улици. Верувам дека ова ќе бидат последните 4 години во кои ќе зборуваме за водоводи и канализации, наместо тоа ќе зборуваме за иднина, за иновации за развој и просперитет. Тука во Чаир можеме да говориме и за вложување во сферата на културата преку инвестиции кој ги наменивме за Турскиот театар, реконструкција и осветлување на Чифте Амам, опремување на Националната галерија на Република Северна Македонија како и за реновирање на Албанскиот театар, рече Битиќи.

Слични содржини