Блум: „Одлучен удар” е моќен пример за тоа како силите на Северна Македонија се подготвуваат да бидат сили на НАТО

од Vladimir Zorba

Микаела Швајцер Блум в.д. амбасадор на САД, на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ изјави дека денешните презентации ја покажуваат огромната сила на нашите здружени војски и на НАТО.

-Ова е навистина импресивно. Она што го видовме денес е само мала презентација на сложената обука која се одвиваше во изминатите неколку недели, а која ќе продолжи и следниот месец. Вежбите како оваа потврдуваат дека нашите војски можат да комуницираат и работат заедно. Претходно овој месец во Нормандија претседателот Трамп рече дека нашата Алијанса беше искалена во битка, тестирана во војна и докажана во мир. Вежбите како оваа ја зајакнуваат нашата силна врска и сите нас не прават побезбедни, смета Блум.

„Одлучен удар”, според неа, е моќен пример за тоа како силите на Република Северна Македонија се подготвуваат да бидат сили на НАТО. Подготвени да работат со сојузничките војни сили на НАТО за решавање на идните закани.

– Тоа е исто така доказ дека Република Северна Македонија веќе придонесува за Алијансата. Нашите американски војници многу ја ценат оваа можност да работат заедно со нивните колеги од Република Северна Македонија и сојузничките земји. И ние ви се заблагодаруваме за организирање и планирање на оваа вежба, нагласи таа.

Слични содржини