Бочварски: Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации

од Берта Китинска

„Почитување на уредбата за носење на заштитни маски, одржување на дистанца и дезинфицирање на рацете од страна на сите граѓани, правни лица и одговорни во правните лица, согласно законските прописи.Да се избегнуваат поголеми собири посебно во затворен простор, поради заштита на здравјето на граѓаните со цел зачувување на нашите здравствени капацитети.Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти“, порача штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Капацитетот на Инфективното одделение во Штип во моментов е целосно исполнет и таму лежат 43 пациенти со ковид-19, а 697 се во домашна изолација.

Градоначалникот апелираше до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките и информираше дека СВР Штип досега поднел 41 кривична пријава за непочитување на мерките.

На состанокот на Општинскиот кризен штаб присуствуваше и државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев и претставници од Комисијата за заразни болести.

„Во овој момент не размислуваме за карантин, се уште најголем дел на трансмисијата е кластерско, со поместување на други институции. Досега беа текстилните фабрики, а сега има и друга институција која во овој момент не можам да ја кажам, но нема широка трансмисија на вирусот“, рече Милошев.

Слични содржини