Богоевски: „Најспособната менаџерка во Европа“ ја стопираше реконструкцијата на Универзална сала

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник, Павле Богоевски иронично го искоментира фактот дека се стопирани градежните активности за реконструкција на Универзалната сала.

-Градежните работи во Универзална сала се целосно стопирани откако ‘најспособната менаџерка во Европа’ седна во градоначалничкото столче на Град Скопје.

Сигурно бидејќи приоретизирала изградба на пет-шеесет училишта, осумдесет и две градинки, четириесет и пет улици и едно двеста игралишта од отчетот на мицко.

Инаку, финансиите и за овој проект беа обезбедени уште пред избори, напиша Богоевски на социјалните мрежи.

Претходно беше соопштено дека иако Владата обезбеди речиси 2 милиони евра и склучен договор со изведувачот, градоначалничката Данела Арсовска повеќе од три месеци ја стопира реализацијата на овој проект.

Слични содржини