Боки 13: Доцнам поради тоа што бев нападнат од затворски службеник

од Vladimir Zorba

Со одлука на судот, денешното судење за предметот „Рекет“ останува затворено за јавност.

И покрај барањето од страна на обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски, разговорите кои од вчера останаа како доказен материјал да се пуштат во присуство на јавноста, судот одлучи дека тие ќе слушаат зад затворени врати.

Катица Јанева во текот на вчерашното судење кажа дека со овие разговори конечно ќе се разоткрие кој рекетирал, кој бил излажан и изманипулиран.

Заедно со Јовановски беа децидни дека овие разговорите ќе го откријат вистинскиот однос што Боки 13 го имал со Зоран Милевски – Кичеец.

Пред влегувањето во судницата, Боки 13 сподели дека доцни поради тоа што бил нападнат од затворски службеник.

И.Р.

Слични содржини