Борел: Испораката на муниција во Украина може да го одреди исходот на војната

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија треба да обезбеди Украина да има доволно муниција за да ја продолжи својата борба против руската инвазија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање, пренесува „Ројтерс“.

„Ако не успееме во тоа, исходот од војната е во опасност“, посочи Борел.

Слични содржини