Борел предложи нацрт-документи за заживување на иранскиот нуклеарен договор

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, објави дека предложил нов нацрт на документот за заживување на иранскиот нуклеарен договор, кој Техеран го потпиша со светските сили во 2015 година, кој предвидува олеснување на санкциите против Иран во замена за ограничување нуклеарната програма на земјата.

Борел рече дека нема простор за дополнителни големи компромиси, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на европската дипломатија наведе во есеј за „Фајненшл тајмс“ дека „ставил на маса“ текст со детали за укинувањето на санкциите и чекорите за нуклеарната програма потребни за заживување на договорот, формално познат како Заеднички сеопфатен план за акција ( JCPOA).

Слични содржини