Борел: Проширувањето е најсилниот капацитет за стабилност на ЕУ и кога станува збор за Балканот

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска по пристигнувањето на самитот на Европскиот совет изјави дека стабилноста најдобро се овозможува со проширување.

Тој рече дека проширувањето е „најсилниот капацитет за стабилност“ што го има ЕУ, не само кога станува збор за Украина, туку и за земјите-кандидати на Балканот и рече дека затоа е важно да се донесат правилни одлуки на денешниот самит.

Борел на новинарите пред самитот им изјави дека прашањето за проширувањето ќе биде важен дел од дискусиите на самитот, кој ќе се одржи денеска и утре.

„Проширувањето е најважната надворешна политика“, нагласи Борел.

Тој додаде дека на самитот на Европскиот совет ќе се разговара за прашања поврзани со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и за проширувањето и финансиските прашања, но и за војната во Украина и ситуацијата „во Палестина и Газа“.

Слични содржини