Борел: Време е да почнеме да го спроведуваме договорот меѓу Белград и Приштина, ќе видиме кој ќе ја преземе одговорноста

од Vladimir Zorba

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во Брисел, каде се одржува средба на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави дека е време за договорот за патот кон нормализацијата на односите да почне сериозно да се спроведува и дека денеска ќе биде јасно дали страните се подготвени да преземат одговорност.

„Бев домаќин на претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти на средба на високо ниво како дел од дијалогот во Брисел. Време е сериозно да започнеме со спроведување на Договорот на патот кон нормализацијата. Денеска ќе видиме дали се подготвени одговорност“, напиша Борел на платформата Х (Твитер).

По одвоените средби во Брисел, околу 11:30 часот започна трилатералната средба на претставниците на Белград и Приштина со претставници на Европската унија во рамките на новата рунда дијалог.

Слични содржини