Борел: За излез од кризата потребно е повеќе од четиридневно примирје

од Stefanija Kuzmanovska

Четиридневното примирје е важен прв чекор во конфликтот меѓу Израел и Хамас, но треба да се направи многу повеќе за да се излезе од кризата, истакна денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој изразил жалење што Израел нема да присуствува на Форумот за Медитеранската унија, што се одржува денеска во Барселона, пренесува „Ројтерс“.

На учесниците на таа средба денеска како претставници на Арапската лига и на Организацијата за исламска соработка ќе им се обратат министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад ал Малики и саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсал бин Фархан.

Борел изрази надеж дека четиридневното примирје, кое беше договорено минатата недела, а истекува денеска, ќе биде продолжено „уште неколку дена“.

Слични содржини