Борисов: Најдобра опција за „Продолжуваме со промените“ е да бидат во опозиција

од Destan Jonuzi

„Или не нè разбраа или се преправаат – не предлагаме коалиција ниту каква било форма на комуникација надвор од она што е корисно за државата“, изјавил Борисов.

Кирил Петков и Асен Василев копретседателите на Продолжуваме со промените денеска на брифинг со новинарите соопштија дека нема да поддржат влада со мандат на ГЕРБ и нема да одат на преговори иницирани од нив, по парламентарните избори што во неделата се одржаа во Бугарија, на кои победи партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, но, сепак, со недоволен број гласови за апсолутно мнозинство во парламентот
Од сè што создаде Продолжуваме со промените (ПП), да бидат во опозиција им е најдобрата опција и јас апсолутно ги разбирам, изјави денеска лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, коментирајќи ја прес-конференцијата на копретседателите на ПП, Кирил Петков и Асен Василев, кои категорично рекоа дека нема да поддржат влада со мандат на ГЕРБ и нема да одат на преговорите иницирани од нив.

„Или не нè разбраа или се преправаат – не предлагаме коалиција ниту каква било форма на комуникација надвор од она што е корисно за државата“, изјавил Борисов, пренесува БГНЕС.

Тој посочил дека народот им рекол „да“ на ГЕРБ, но не им кажал на ГЕРБ да владеат сами. Ние во никој случај не мислиме дека не е важно што мислат амбасадите – ги земам предвид моите партнери од ЕУ и НАТО, и за нив тема број еден е војната во Украина, а се освен тоа е празен муабет. Во време на војна, кога сте од еден блок, се што е потребно за блокот, вие правите“, изјавил Борисов.

Тој наведува дека трите главни прашања со кои Бугарија се соочува во моментов се војната во Украина, енергетската криза, за која, како што вели, преодната влада не обезбедила танкери со енергенси, инаку во спротивно веќе ќе биле пристигнати, на трето место е нетрпеливоста меѓу Турција и Грција, а тука ги вметнува и односите меѓу Србија и Косово.

Затоа вели дека го предложиле концептот со контакт група која ќе седне на маса со нив и со другите да разговара за овие прашања.

Борисов ја обвини партијата на Петков и Василев дека лажат кога тврдат дека нивната владина коалиција пропаднала поради ГЕРБ.

„Нивната коалиција пропадна затоа што не можеа да ги поделат парите“, рекол Борисов.

Тој ги повикал Петков и Василев да си ги напишат барањата, контакт групата ќе ги донесе и ќе разговараат за нив и предложил лидерите на партиите да се тргнат настрана за да можат контакт групите подобро да работат.

„Ситуацијата е таква што и на нови избори ќе биде така. Се надевам дека разумот ќе надвладее. Контакт-групите ќе го направат токму овој список на важни работи за Бугарија, за да ги гарантираме соодветните активности. Ајде да се собереме со контакт групите за темите за кои сме со ист став и да се подготвиме за новиот парламентарен состав“,порачал поранешниот премиер.

Кирил Петков и Асен Василев, копретседателите на Продолжуваме со промените, денеска на брифинг со новинарите соопштија дека нема да поддржат влада со мандат на ГЕРБ и нема да одат на преговори иницирани од нив, по парламентарните избори што во неделата се одржаа во Бугарија, на кои победи партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, но, сепак, со недоволен број на гласови за апсолутно мнозинство во парламентот.

Петков бил категоричен дека се невистинити шпекулации дека американската амбасада и други организации вршат притисок за формирање влада со ГЕРБ.

Во 48. состав на Националното бугарско собрание влегоа седум политички партии, а прва политичка сила ќе биде коалицијата на ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Бугарскиот парламент брои 240 пратеници, а за да се формира мнозинство потребни се 121 пратеник.

Победничката коалиција ГЕРБ-СДС има 67 мандати, Продолжуваме со промените – 53 пратеници, трета е ДПС, кон која се гледа како потенцијален партнер на ГЕРБ, има 36 пратеници. Понатаму, Преродба има 27, БСП 25, додека Демократска Бугарија 20, а Бугарски подем 12 мандати.

Слични содржини