Борнемаут купи поранешен напаѓач на Манчестер Сити

од Vladimir Zorba

Борнемаут, 13.пласираниот тим во Премиер лигата, се договори со Хетафе за напаѓачот Енес Јунал. Турскиот репрезентативец ќе биде привлечен од „црешите“ на изнајмување до лето со задолжителна откупна клаузула потоа за 16,5 милиони евра, пренесе „Скај Спортс“.

Години наназад Јунал беше во сопственост на Манчестер Сити, но постојано беше испраќан на позајмица, поради што не забележа ниту еден официјален натпревар за „граѓаните“.

Турчинот имаше само неколку настапи за Хетафе оваа сезона, откако се опорави од тешката повреда до средината на декември.

Слични содржини