Борусија има план да го задржи Санчо, тој не сака да се врати на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Борусија (Дортмунд) работи на план како да го задржи Џејден Санчо и следната сезона, тврди „Билд“. Англискиот крилен напаѓач се врати во клубот откако беше земен на позајмица од Манчестер Јунајтед до лето.

Вицешампионот на Германија од минатата сезона ќе понуди да го земе на позајмица на уште една година, а дополнително ќе понуди и еден од играчите како Дониел Мален да замине на „Олд Трафорд“. Самиот Санчо нема желба да се врати во Манчестер Јунајтед, а Ерик тен Хаг нема намера да се потпира на него.

Сепак, не е јасно дали „црвените ѓаволи“ ќе се согласат на таков предлог, бидејќи сакаат да го продадат.

Откако се врати во Бундеслигата во јануари, Санчо има еден гол и една асистенција. Тој уште тогаш изјави дека се чувствува одлично во Дортмунд. Германскиот клуб исто така го почитува и е задоволен од неговите игри, и покрај тоа што тимот има разочарувачка сезона и се бори за место во Лигата на шампионите, а не за титула.

Слични содржини