Бредли: Сакаме да ги освоиме сите трофеи за да го испратиме Клоп на соодветен начин

од Vladimir Zorba

Конор Бредли изјави дека целта на Ливерпул е да го освои секој можен трофеј пред крајот на сезоната за да може соодветно да го испрати менаџерот на клубот Јирген Клоп, кој ќе си замине на крајот од сезоната.

Во февруари, Ливерпул го освои Лига купот, а тимот сака да додаде уште три трофеи во својата витрина – титулата во Англија, ФА Купот, како и Лигата на Европа.

Вчера Ливерпул повеќе од решително го совлада тимот на Спарта Прага со 6:1 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на натпреварувањето.

„Клоп е единствениот менаџер што го познавам во Ливерпул. Тажен сум поради фактот што тој заминува“, изјави 20-годишниот Бредли по средбата.

„Сакаме да ги освоиме сите трофеи оваа сезона за да го испратиме на соодветен начин“, додаде младиот дефанзивец.

Ливерпул во недела ќе гостува кај Манчестер Јунајтед во натпревар од четвртфиналето на ФА Купот.

Слични содржини