Британија тврди: Русите добиле нова пратка ирански дронови камикази

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов извештај на своето воено разузнавање за војната во Украина. Во него се наведува дека Русија веројатно добила нова пратка ирански беспилотни летала камикази.

Во вторникот, потсетуваат, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека нивните сили собориле најмалку 14 беспилотни летала од типот Шахед-136.

Вчера, сепак, украинските власти објавија дека Русите користат ирански беспилотни летала за напади во регионите Запорожје и Дњепар.

Последното пријавено соборување на ирански беспилотни летала камикази пред тоа беше на 17 ноември, наведуваат разузнавачите.

Слични содржини