Бритни за својот брак кој траеше само 55 часа: „Бев пијана и ми беше многу досадно“

од Stefanija Kuzmanovska

Бритни Спирс (41) ја раскажа приказната за пијанството зад својот неславен 55-часовен брак со пријателот од детството Џејсон Александер.

Во нејзините долгоочекувани мемоари „Жената во мене“, Спирс откри дека таа и Александер одлучиле да се венчаат по пијана ноќ во Вегас.

„Воопшто не се сеќавам на таа ноќ, но од она што го разбрав, тој и јас лежевме во хотелската соба и бевме будни до доцна гледајќи филмови… и тогаш имавме одлична идеја да одиме во Белата капела во три и триесет наутро“, пишува Бритни, пренесува „Тајм“.

Таа признала дека причината поради која се омажила за Александер е затоа што и на двајцата им било здодевно, а не затоа што биле многу вљубени.

„Луѓето ме прашуваат дали го сакав. Да бидеме јасни: Јас и тој не се сакавме“, објасни таа.

 

„Искрено, бев многу пијана – и веројатно ми било многу досадно“, додава Бритни.

Додека поп-принцезата од самиот почеток несериозно го сфати овој брак, нејзиното семејство ја сфати целата ситуација многу сериозно – тие се погрижија таа да знае колку се разочарани кога се појавија веста за нивната венчавка.

Бракот со другарот од детството беше поништен поради досада и тие се разделија. Се додека тој не се обиде да ја растури свадбата на Бритни и Сем Асгари во 2022 година. После тоа, Александер беше обвинет за тежок напад, следење и малтретирање.

Слични содржини