Брнз им посака успех на фудбалерите: „Ја направивте горда С. Македонија“

од Nikola Popovski

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз им посака успех на македонските фудбалери на денешниот историски натпревар во баражот против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.

-Се најдобро на тимот во Португалија оваа вечер. Веќе ја направивте горда Северна Македонија!, напиша Брнз на Твитер, објавувајќи слика од македонското и американското знаме.

Натпреварот против Португалија се игра вечерва од 20:45 часот на стадинот „Драгао“ во Порто.

Слични содржини