Бројот на новозаразени во Кина повторно во ПОРАСТ, Пекинг полека се затвора

од Stefanija Kuzmanovska

Кина се бори со порастот на бројот на заразени со коронавирусот, што ја зголемува загриженоста за националната економија, поради што парковите, трговските центри и музеите се затворени од денеска во Пекинг, а масовно тестирање за ковид-19 продолжи во неколку градови.

Вчера, Кина пријави 28.127 нови локални случаи на коронавирус на национално ниво и со оваа бројка се приближи до највисокиот дневен биланс на нови инфекции регистрирани во април.

Потврдените случаи во градот Гуангжу во јужна Кина и во југозападниот регион Чонгкинг сочинуваат околу половина од вкупниот број, пренесува „Ројтерс“.

Во главниот град Пекинг, бројот на заболени секојдневно достигнува нови највисоки нивоа, поради што градските власти апелираа до граѓаните да останат во своите домови.

За првпат од мај, имаше два смртни случаи кои здравствените власти ги припишаа на ковид-19.

Слични содржини