Буба Корели пуштен на слобода

од Stefanija Kuzmanovska

Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, е ослободен од полициските простории, откако синоќа беше уапсен поради вооружен инцидент во населбата Ступ, му беше потврдено на „Аваз“ од Обвинителството на КС.

Неговиот братучед Омар Цуриќ исто така бил ослободен од полициските простории.

Како што било наведено, немало законска основа за нивно понатамошно притворање.

Да потсетиме, Корели беше уапсен синоќа, во понеделникот, на 15 февруари, во 22:55 часот, на улицата Љубjанска, каде бил пронајден во возило.

Корели чека да се појави пред обвинителот, а тој, наводно, е обвинет за 3 работи – предизвикување општа опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди, објави „Дневни аваз“.

Раперот беше уапсен по пукањето што се случи на 15 февруари во сараевската населба Ступ, каде се судрија пет лица, меѓу кои Буба Корели и неговиот братучед Омар Цуриќ, кај кого полицијата наводно пронашла два пиштола, пренесе „Кликс.ба“.

На пукањето му претходела масовна тепачка во која биле повредени две лица, по што биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Од полицијата, споменатиот портал дознава дека повредените лица не биле повредени од огнено оружје, туку од тепачката што претходела на пукањето.

Слични содржини