Бугарската ВМРО „стравува“: Петков ќе ѝ дозволи влез на С. Македонија во ЕУ час поскоро

од Nikola Popovski

Бугарите во РСМ не се малцинство, туку државотворен народ. Прочитајте ја приказната, господа владетели, со ваква остра реторика се огласи бугарската партија ВМРО-БНД, поради како што велат, низата изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков поврзани со забрзувањето на членството на Македонија во ЕУ.

Според партијата, ставот донесен во тамошното Собрание преку Декларацијата го поддржуваат над 70% од Бугарите.

-Тоа е јасно и недвосмислено и не прави компромиси за неколку основни работи, како што се правата на Бугарите од другата страна на границата, историската вистина, говорот на омраза и манипулациите со учебниците. Петков нема намера да ги брани интересите и правата на бугарскиот народ. Ако премиерот зборува за имагинарно „македонско малцинство“, правилно е да поднесе оставка и час поскоро да се врати во својата сакана Канада, потенцираат од ВМРО-БНД, додавајќи дека „Петков сака да ја пушти Македонија час поскоро во ЕУ“.

 

Слични содржини