Бугарскиот парламент не успеа да формира Влада – закажани се нови избори

од Nikola Popovski

Бугарското национално собрание не успеа да формира влада и закажа нови парламентарни избори на 11 јули.

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, денеска му го врати мандатот за состав на владата на претседателот Румен Радев. Таа рече дека нејзината партија не успеала да ја добие поддршката од партијата „Има таков народ“.

„Ние сакавме да формираме влада што ќе реши неколку важни прашања за иднината на луѓето: беше подготвен план за обновување и одржливост што ќе го уништи моделот на управување на Борисов. Поради овие приоритети, подадовме рака до „Има таков народ“. Сепак, тие не одговорија. Новите политички субјекти во парламентот однапред најавија дека нема да поддржат влада со слични приоритети. Во тој случај, јасно е дека нема објективни можности за формирање на Влада“, рекла Нинова.

Претседателот Румен Радев објави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 јули и дека следната недела ќе потпише указ за распуштање на новиот парламент.

Претходно, партиите ГЕРБ, премиерот Бојко Борисов, како и новата „Има таков народ“, предводена од ТВ-презентерот Слави Трифунов, го вратија мандатот за состав на Влада.

Слични содржини