Честитка од Ковачевски по повод 19 години од постоењето на ССК

од Radmila Tasevska

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, преку својот фејсбук профил, упати честитки по повод 19 години од постоењето на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

-Како еден од клучните двигатели на економскиот раст, бизнис заедницата има сигурен и стабилен партнер во Владата, за заедно и понатаму да креираме мерки за подобро бизнис опкружување. Интеграцијата на земјата во ЕУ и работата по современи стандарди, кое стопанството го поддржува, ќе значи и повеќе инвестиции, поголем извоз и нови вработувања, напиша Ковачевски.

Слични содржини