Четири лица од гостиварско позитивни на коронавирус ја напуштиле државава

од Берта Китинска

На 10.08,2021, при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата, Х.С.(32) од гостиварско Корито, позитивен на Ковид 19 , не бил дома и ја напуштил државата, В.Ш.(52) од гостиварско Корито, позитивна на Ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) од гостиварско Корито, позитивен на Ковид 19, ја напуштил државата, информираат од МВР.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини