Чулев предлага намалување на полицискиот час и старт од 19, наместо од 16 часот

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната седница на кризниот штаб предложил намалување на времетраењето на полицискиот час. Како што наведува Чулев во предлогот побарал ограничувањето на движењето да започне во 19:00 часот, наместо како досега во 16:00 часот, пишува Чулев на фејсбук.

„Моето барање за намалување на ограничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години. Во таа насока денес предложив досегашното ограничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите“ наведува Чулев.

Дополнително, Чулев наведува дека планира да побара и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите.

„Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница“, наведува министерот Чулев.

Слични содржини