Д-р Докиќ: Не е мој текстот кој се споделува на Фејсбук

од Берта Китинска

Пулмологот доктор Дејан Докиќ демантира дека тој е авторот на текстот што од синоќа се споделува на социјалните мрежи, а се однесува на состојбата со ковид-19 во земјата.

„Денес видов дека на социјалната мрежа Фејсбук се споделува текст кој наводно сум го напишал јас. Категорично ги демантирам наводите изнесени во тој текст и изјавувам дека јас не стојам зад истиот. Случајот кој е на штета на мојот углед и професионалност и има за цел да шири паника во јавноста, утрово го пријавив во полиција“, пишува Докиќ.

Текстот што се споделува на социјалните мрежи е со предупредување дека поради лекарска и човечка одговорност докторот ја алармира јавноста да се грижи за своето здравје.

Слични содржини