Данска најскапа за живот, Бугарија – најевтина

од Vladimir Zorba

Разликата во цените на стоките и услугите во некои земји членки на ЕУ беше значајна во 2019 година – најскапа за живеење е Данска, а најевтина е Бугарија. Ова се податоци презентирани од Европската статистичка служба, Евростат.

Потрошувачките цени во Данска се 141 проценти во однос на просекот на ЕУ, додека Бугарија е најповолна со 53 проценти.

Бугарија има најевтин алкохол и тутунски производи – 62% од просекот на Унијата.

Бугарските хотели и ресторани нудат најниски цени – 45 проценти во однос на европскиот просек, облеката во Бугарија е на ниво од 79 проценти во однос на просекот на ЕУ, додека истата стока во Данска е со цена што е 132 проценти од просекот, пренесува БНР.

Што се однесува до домашните електронски уреди, тие се во Бугарија на ниво од 92% во однос на просекот на ЕУ.

Слични содржини