Дечкото на Анастасија го одврза ќесето: По станот од 750.000 евра, следеше скапоцен ПОДАРОК за славеничката!

од Берта Китинска

Анастасија Ражнатовиќ неодамна го прослави својот 23-ти роденден во еден белградски ресторан, кој, според информациите на медиумите, чинел околу 20.000 евра и кој исто така бил подарок од нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Бројни јавни личности беа дел од оваа забава, а Цеца беше меѓу првите што пристигнаа, во мини фустан за кое сè уште се зборува. Забавата траеше до доцна во ноќта, а Анастасија доби скап подарок од нејзиното долгогодишно момче Ѓорѓе Кулиќ.Имено, откако наводно купиле имот вреден 750.000 евра, пејачката наводно добила луксузно патување на Миконос за нејзиниот 23 роденден.

Потсетуваме, Ражнатовиќ откри дека роденденот го прославила во друштво на своето момче, но и нејзината мајка.Иако бројот на гости не беше голем поради почитување на епидемиолошките мерки. Забавата била во еден од најлуксузните барови во Белград, каде столче чини околу 100 евра по гостин. Од пијалоците имало неколку шишиња шампањ и бело и црвено вино, а за тоа, вели изворот, биле дадени нешто повеќе од три илјади евра. Станува збор за пијалоци од една од најдобрите винарии, поради што цената е доста висока.

Анастасија и Цеца блескаа во фустаните на креаторите, направени по мерка, па наводно биле издвоени околу две илјади евра и за тоа. Секако, тортата не беше помалку гламурозна и чинеше повеќе од 500 евра, додека за огнометот наводно биле дадени две илјади евра.

Ако се земат предвид други ситници и детали, украсувањето, подароците за гостите, како и бендот што ги забавуваше гостите, Цеца наводно издвоила 20.000 евра за роденденскиот подарок на Анастасија.

Слични содржини