Дел од Општина Карпош утре три и пол часа без струја

од Vladimir Zorba

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, во одреден период од денот без струја ќе биде дел од Општина Карпош, а без вода, поради изведување водоводен приклучок, ќе биде дел од Општина Центар.

Од 11.30 до 15.00 часот струја нема да имаат дел од корисниците на ул. „Хелсинки“ бр. 58 (А и Б), 56 (А и Б), 54, 52, 50 и 48, ул. „Нобелова“ бр. 22, 24, 26, 19 (А и Б), 21 (А и Б), ул. „Лондонска“ бр. 1 (А и Б), 3, како и ресторанот „Две Капки“.

Од 10.00 часот без вода ќе бидат корисниците од ул. „Дане Крапчев“ и од дел од ул. „Дебарца“ и „Славка Недиќ“.

Слични содржини