Делегација на СДСМ положи цвеќе на почивалиштето на претседателот Борис Трајковски

од Stefanija Kuzmanovska

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот на Градската организација, Васко Кичевски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје.

Денеска се одбележува 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто Трајковски трагично го загуби животот со членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Слични содржини