Дескоска: Комисијата не е место за пуштање на разговори, има институции

од Aleksandar Todeski

Министерката Рената Дескоска кажа дека Комисијата за европски прашања не е местото каде што треба да се пуштаат разговори, откако пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ делеше материјали и пушташе аудо разговори, иако се јави да зборува на Комисијата процедурално, а наместо за да зборува за прекшена процедура, ги пушти разговорите.

„Има институции, ако Милошоски си верува самиот себеси на тоа што го пушти, слободно нека го достави до институциите. Како доаѓа времето за изгласување на Законот за Јавно обвинителство, така повеќе се гледа стравот кај опозицијата, со која цела година преговаравме, а не достигнавме договор“, рече Дескоска.

Министерката истакна дека членот 110 од Законот за Јавно обвинителство не предвидува скриена амнестија, додавајќи дека секој ќе одговара пред Законите.

А.Т.

Слични содржини