Детали од пожарот во Србија во кој загинаа две деца: „Се спасиле скокајќи од прозорец“

од Stefanija Kuzmanovska

Во пожарот кој утринава избувнал во семејната куќа во Стара Моравица, Србија, загинаа две деца на возраст од две и три години, додека останатите членови на семејството успеале да се спасат.

Како што изјавиле соседите за српски „Курир“, се уште не се знае точната причина за пожарот.

„Слушнавме дека има пожар, излеговме надвор и најдовме полиција, брза помош и пожарникари. Се надевавме дека сите се живи, но судејќи по грозоморната сцена, помисливме дека никој не преживеал“, велат соседите и додаваат:

„Таа куќа семејството ја доби како социјална помош и беше многу убава, но сега се изгоре во пожарот. Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, а несреќното семејство останало без наследници и покрив над главата“.

Истрагата ќе ја утврди точната причина за пожарот во кој трагично загинаа две деца.

„Кога избувнал пожарот, членовите на семејството се обиделе да се спасат скокајќи од прозорецот, но засега не се знае дали некој ги извлекол децата од куќата. Осуммина од нив живееле таму, но за двете деца немало спас“, изјавиле соседите за српски „Курир“.

Како што пренесоа, дојавата за пожарот стигнала до пожарникарите во 8 часот и 20 минути, а првите екипи на пожарникари и спасувачи пристигнале на местото веќе во 08 часот и 23 минути.

„Пристигнаа буквално за три минути. Внатре биле пронајдени тела на две деца, за жал не можеле да се спасат. Пожарот е изгаснат во 8 часот и 43 минути“, навел изворот.

Слични содржини