Џафери: Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“

од desk2

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Кривичниот суд сведочи за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година.


Џафери е прв сведок на денешната главна расправа. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го праша Џафери дали го разбира македонскиот јазик, на што тој одговори потврдно и оти не му е потребен преведувач.

Џафери прво одговара на прашања обвинителот од ЈОРМ Дарко Јакимовски, а потоа и на одбаната на обвинетите.

Сведочењето го почна со објаснување на случувањата во собранскиот прес-центар. Рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието.

– Насилно почнаа да напаѓаат, прво физички, а потоа и со сета опрема што се користеше како средство за напад врз сите нас, пратеници, медиуми и сите што бевме во прес-центарот. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Весел Мемеди, Сурија Рушити и Зијадин Села направија кордон пред мене и јас се повлеков поназад. Покрај мене беше и снимателот на ТВ 24. Лица кои застанаа во моја заштита, покрај пратениците, беа и од обезбедувањето на Оливер Спасовски, рече Џафери.
Како што посочи, напаѓачите извикувале „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“.

По него, за настаните во Собранието на 27 април лани, треба да сведочат и министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски.

Слични содржини