„Џонсон и Џонсон“ започнува испорака на вакцини во Европа на 19 април

од Stefanija Kuzmanovska

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ ќе започне со испорака на вакцината против ковид 19 во Европа на 19 април, изјави компанијата за АФП во понеделникот.

Вакцината доби одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА) кон средината на март, по Фајзер и БионТех, Модерна и АстраЗенека, пренесува „Хина“.

Во моментов се дава само во САД и Јужна Африка, а е одобрен и во Канада.

ЕУ нарача 200 милиони дози од вакцината, со можност за купување на уште 200 милиони дози.

Слични содржини