Дијаз: Лошиот почеток на сезоната не е проблем за Ливерпул

од Vladimir Zorba

Ливерпул има лош почеток на сезоната и нема победа на ниту еден од првите три натпревари во Премиер лигата, но ситуацијата не е „проблем“ за играчите или менаџерот Јирген Клоп, смета напаѓачот Луис Дијаз.

„Црвените“ минатата сезона завршија на второто место зад шампионот Манчестер Сити, но тие моментално се на 16-тата позиција откако освоија само два бода од три натпревари од почетокот на кампањата.

„Тоа беше малку тежок почеток. Не е баш почетокот што го посакувавме на сезоната. Ние сме клуб кој сака да освои три бода на секој натпревар. Не би рекол дека е проблем за играчите или менаџерот, но сигурно сите знаеме дека мораме подобро“, изјави Дијаз за Sky Sports.

Ливерпул ќе се бори за прва победа во Премиер лигата во сабота, кога ќе биде домаќин на новајлијата Борнмаут во четвртото коло од Чемпионшип.

Слични содржини