Димитриевски: Нека ни е вековит Божиќ, меѓусебно да си помагаме, заедно да градиме и развиваме заедништво

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски упати честитки до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

„Денешниот блажен ден нека биде исполнет со радост, ден кога го прославуваме Христовото раѓање со надеж и верба кои ни го осветлуваат патот и ни даваат сила да продолжиме напред кон нови предизвици.

Ви посакувам на сите добро здравје, мир во душата, љубов, почит, неизмерна среќа и благосостојба во вашите домови.

Да се радуваме на мали нешта, меѓусебно да си помагаме, заедно да градиме, да развиваме заедништво бидејќи само сплотени можеме да одиме напред кон повисоки цели и достигнувања.

Со благослов од Бога и верба во посветла иднина за сите нас, нека ни е честит и вековит големиот Христијански празник Божиќ! Мир божји, Христос се роди!“, истакнува Димитриевски.

Слични содржини