Димитров и Османи на отчет пред пратениците

од Vladimir Zorba

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, за утре закажа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во нашата држава по Самитот на ЕУ во октомври 2019 година.

На седницата се очекува обраќања да имаат заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Поканети се сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

Слични содржини