Димитровски: Политичките лидери да ги повикаат граѓаните да се попишат, а не да лицитираат со бројки

од Nikola Popovski

„Сите политички лидери треба да ја сфатат сериозноста на политичкиот миг и да ги повикаат сите да се попишат, а не да лицитираат со бројки. Лицитирањето со бројки може да создаде политичка дестабилизација“, вели генералниот секретар на Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски.

Според него, ако кажете дека нема да ги признаете бројките, затоа што се сомневате дека ќе биде наместен, вие го рушите пописот.

„Пописот не е референдум или избори. Тој може да се изведе, доколку има соработка од сите и се надевам дека ќе има здравствена заштита за да се направи“, истакна Димитровски.

Слични содржини